Голем пех за Швајцарија на првата контрола

Репрезентацијата на Швајцарија имаше сериозен пех на првиот подготвителен натпревар во пресрет на мундијалот на кој ќе настапи благодарение на вајлд картата што ја доби од Светската ракометна федерација.
Швајцарија на традиционалниот „Јелоу Куп“ што го организира секоја година, во првото коло играше против репрезентацијата на Италија и беше поразена 29-31.
Настрана поразот, најголемата грижа за селекторот Анди Шмит е повредата на нивниот главен играч, Мануел Зендер. Тој во 42 минута мораше да го напушти теренот со помош на соиграчите поради повреда на коленото. Зендер ќе биде испитуван во клиника и ќе биде утврдена точната состојба на неговото колено и за каков тип на повреда се работи.

На истиот турнир учествуваат и репрезентациите на Холандија и Косово. Кога пред две месеца играа овие два тима резултатот беше 33-33, но вчера Холандија со 12 гола разлика, лесно ја доби средбата, 36-24 (17-9).

Photo © Max Petershans / CC BY-SA 4.0 (via Wikimedia Commons)
Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk