Александар Стефанов финансиски ја поддржа репрезентацијата пред СП

Фото: Филип Вирановски/РФМ

Почна финалното одбројување пред настапот на македонската репрезентација на Светското првенство во Хрватска. Репрезентативците се вратија од подготовките, ги прославија празниците и наскоро ќе заминат во базата во Хрватска од каде што ќе се кооридинираат сите натамошни активности.
По продолжувањето на соработката со Македонски Телеком, уште една финансиска инјекција за најдобриот македонски тим стигна од Александар Стефанов, во моментов најсериозниот кандидат за позицијата претседател на РФМ по 1 март кога од функцијата ќе замине актуелниот претседател Живко Мукаетов. 

„Александар Стефанов, долгогодишниот член на Управниот Одбор на РФМ и претседател на УО на фабрика Карпош АД Скопје, финансиски ја поддржа машката македонска репрезентација и Ракометната Федерација на Македонија пред настапот на Светското првенство.
"Поддршката пред настап на големите натпреварувања е драгоцена за репрезентацијата, особено ако доаѓа од луѓе како Александар Стефанов, кој има јасна визија за развој на ракометот. На спортот број еден во Македонија му се потребни луѓе кои ќе продолжат да работат професионално, ќе го подигнат нивото на квалитетот, ќе вложуваат безрезервно во ракометот", порача селекторот Кирил Лазаров.

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk