Почна Трофеј Карпати, Италија ја изненади Швајцарија...

Празничните денови за ракометарите завршија, од денеска активни на терените се бројни репрезентации и така ќе биде се до стартот на СП на кое ќе ја гледаме во живо и репрезентацијата на Македонија.
Трофеј Карпати, турнир што дефинитивно има најмногу изданија меѓу сите ракометни турнири денеска стртуваше во романскиот Миовени. Се среќаваат четири репрезентации што нема да играат на СП.
На првиот натпревар, Србија ја совлада репрезентацијата на Груија со 35-25, а на вториот меч Романија беше подобра од тимот на Турција со резултат 35-26.

Италија, повторно „шокира“. По високиот пораз од Хрватска (20-36) на кој беа некомплетни, Италијанците денеска во првото коло од „Јелоу Куп“ ја победија домашната репрезентација на Швајцарија.
Двете екипи се учесници на СП, Италија преку елиминацијата на Црна Гора, а Швајцарија со вајлд карта. 
Италијанците водеа во текот на целиот натпревар за конечно да ги совладаат избраниците на Енди Шмит со 31-29.
Во ракми на овој турнир, вечерва ќе играат Холандија и Косово. Нивниот официјален меч пред два месеца на големо изненандување заврши со резултат 33-33. 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk