Лазаров: Нема да потцениме никого, не се плашиме од никого

Селекторот на македонската репрезентација, Кирил Лазаров, го најави настапот на избраниот тим на Светското првенство во Хрватска.

„Имаме позитивни искуства од Хрватска и од 2009 и од 2018 година, се надевам дека така ќе биде и сега, знаеме дека ќе имаме поддршка од нашите навивачи, тие треба да бидат нашиот осми играч, бидејќи ја познаваат ракометната игра и во клучните моменти да ни ја дадат таа дополнителна поддршка. Можам да кажам дека сум умерен оптимист, знаејќи го нашиот менталитет и нашиот квалитет, ја сменивме генерацијата, имаме млади и одлични играчи кои допрва ќе го покажат својот квалитет, ракометари кои имаат и карактер. Македонскиот ракомет е на добар пат и допрва ќе следат уште поголеми успеси. Секого ќе почитуваме, но нема да се плашиме од ниту еден ривал. Во моментов сме фокусирани на Унгарија како прв ривал, тоа е сериозна репрезентација која многу инвестира во ракометот. Јас секогаш сум имал амбиција, тргнуваме во секој натпревар за да победиме“, изјави селекторот Кире Лазаров.

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk