Кузмановски: Ќе покажеме како се игра за Македонија

Филип Кузмановски ќе ја има улогата на капитен на македонската репрезентација на престојното Светско првенство. Денеска тој го пренесе ставот на ракометарите пред старто

„Огромна благодарност до Македонски Телеком за поддршката во сите овие години. Сите знаеме колку беше тешко да се минат Фарските Острови во оној бараж, особено по оној прв пораз, но навистина верувавме, македонскиот инает и македонското срце проработи кога беше најважно. Така треба да изгледа таа Македонија, ветувам дека така ќе изгледа и во иднина, со млади момци и ние неколкумина поискусни.
Имаме тешка група, добро ги анализираме противниците, максимално се подготвуваме за секој дел и верувам дека максимално подготвени ќе го дочекаме стартот. Сакаме да покажеме како се игра за Македонија, бодрени од нашите верни навивачи кои секогаш доаѓаат да ни дадат поддршка, верувам дека на крај сите заедно ќе имаме причина за радост“, изјави капитенот Филип Кузмановски.







 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk