РФМ И МАКЕДОНСКИ ТЕЛЕКОМ ЈА ПРОДОЛЖИЈА СОРАБОТКАТА

Ракометната федерација на Македонија и Македонски Телеком, денеска на прес конференција одржана во Скопје ја информираа јавноста за подолжувањето на соработката која има осумгодишна историја во која Македонски Телеком е стабилен партнер и помагач на македонскиот ракомет, а нивната поддршка е со исклучителна важност.

Ракометот традиционално во јануари ја потврдува својата водечка позиција во македонскиот спорт, а таа се пресликува најчесто преку настапите на сениорската машка репрезентација на Светските или Европските првенства.
Јануари 2025 нема да биде исклучок, репрезентацијата ќе настапи на Светското првенство што заеднички го организираат Хрватска, Данска и Норвешка, а Македонија своите натпревари ќе ги игра во хрватскиот град Вараждин.
Денеска претседателот на РФМ, Живко Мукаетов и главниот извршен директор на Македонски Телеком, Никола Љушев, во присуство македонските репрезентативци и селекторот Кирил Лазаров го потпишаа документот за продолжување на соработката.

„„Почестени сме со оваа прес-конференција и продолжувањето на партнерството на РФМ, веќе осум години сме верен партнер на Ракометната Федерација на Македонија. Во желба да ја мобилизираме јавноста, ја организираме оваа прес-конференција за да посакаме многу среќа успех. Сите погледи се свртени кон ракометарите и селекторот Лазаров, од срце ви посакувам добар успех и пласман во главната фаза“, изјави Никола Љушев. 

Задоволство од продолжуената соработка изрази и претседателот на РФМ. 
„Драго ми е што сме пак заедно и што и оваа година ја почнуваме со почеток на подготовки за настап на Светско првенство. Сакам да му се заблагодарам на Македонски Телеком што останува партнер на македонскиот ракомет. Во мое име и во име на репрезентацијата ги повикувам навивачите во што поголем број да дојдат на натпреварите на македонската репрезентација во Хрватска“, изјави претедтелот на РФМ, Живко Мукаетов.




 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk