Палицка потпиша за Колстад!

photo: Kolstad Handball

Норвешкиот Колстад е скап норвешки проект кој предизвикува бури низ ракометните води уште од моментот откако се етаблираше како дрим – тим составен од познати имиња (Сагосен, Род, Смарасон...).

Првите вибрации не беа позитивни, Норвежаните не ја измерија добро чергата, па првото што го направија беше кратење на платите и ослободување на дел од играчите.
Праксата продолжи, но Колстад не се откажува. Дури ни по заминувањата на Род, Смарасон и актуелната трансфер сензација дека Сандер Сагосен ќе премине во Алборг.
Место тоа – новогодишен подарок за фановите. Колстад потпиша со еден од најдобрите голмани во моментов, шведскиот ас Андреас Палицка.
Швеѓанецот во моментов е на голот на Пари Сен Жермен, но и таму ќе има крупни промени. Заминува тренерот, доаѓаат нови имиња, заминуваат познати имиња.
Андреас Палицка (38) заминува од ПСЖ и неговата следна станица ќе биде Колстад.

Ако не знаевте: Палицка е роден во Шведска (Лунд), но преку својот татко има потекло од Чешка, а неговото полно име е Андреас Мирослав Палицка. Благодарение на потеклото и неговото презиме има барем три варијанти, како што се Палицка, Паличка или, пак, како што Швеѓаните го нарекуваат - Палика.

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk