Германија остана без двајца важни играчи пред СП

Германија остана без двајца важни играчи непосредно пред почетокот на подготовките за Светското првенство.
Двајцата се ракометари на РНЛ. Тоа се пикерот Јаник Колбахер и левиот бек Себастијан Хејман нема да бидат дел од тимот на Алфред Гисласон на мундијалот на кој Германија ќе игра во групата со Полска, Швајцарија и Чешка, а групата ќе се игра во данскиот Хернинг.
Колбахер ќе оди на операција на лакотот, а Хејман веќе цел месец имал проблеми со повреда на стапалото.

На нивото место се повикани Тим Зехел од Магдебург и Лукас Штуцке од екипата на Хановер.
Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk