Чупиќ презема хрватски клуб

Хрватската ракометна легенда Иван Чупиќ, ракометар кој остави траен печат во македонскиот ракомет со постигнатиот гол во последната секунда од големото финале во Лигата на шампионите во 2017 година кога Вардар стана прв пат европски шампион, станува самостоен тренер.

Иван Чупиќ по заминувањето од Вардар се врати во својата родна Хрватска и потпиша за Загреб каде што ја заврши играчката и почна тренерска кариера во улога на асистент. Загреб е познат како клуб во кој тренеската позиција е најголемиот жртвеник, па следствено и тренерската увертира на Иван Чупиќ не траеше долго.

Сега, почнува самостојна тренерска кариера во екипата на Метковиќ.

Овој клуб своевремено беше еден од најсилните во Европа, го освои ЕХФ Куп победувајќи го Флензбург во финалето, а во Хрватска „регуларно“ го симна од тронот непобедливиот Загреб. Но, клубот од престолнината изведе епски манвар со трансферот на Блаженко Лацковиќ, а ХРС службено му одзема бодови на Метковиќ и го прогласи Загреб за шампион.
По ова, „Јамбо“, тогашниот моќен спонзор на Метковиќ крена раце од ракометот и го „батали“ клубот. Оттогаш, Метковиќ е сосема обичен хрватски клуб со проблеми што обично ги имаат сосема обичните клубови. Во моментов пред Иван Чупиќ е пред голем предизвик затоа што неговиот нов клуб има само три освоени бода.

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk