Ракометарите на собир, отпадна уште еден играч

Репрезентацијата на Македонија денеска го имаше првиот собир ово 2025 со кој отпочна последната етапа од подготовките за настапот на нашиот најдобар тим на Светското првенство што во јануари заеднички ќе го организираат Хрватска, Данска и Норвешка.

Списокот на играчи кои ќе патуваат за Вараждин каде што Македонија ќе ги игра своите натпревари е скратен за еден играч. Михајло Младеновиќ, ракометарот на РК Алкалоид предвиден да игра во два правци, но претежно со дефанзивни задачи е преселен на списокот на резерви.

Македонскиот тим ќе се подготвува во Скопје следниве неколку денови, а потоа заминува во Хрватска каде во пресрет на дуелот стартот на мундијалот ќе одигра уште најмалку еден контролен натпревар на кој противник ќе ни биде домашната репрезентација на Хрватска.
Светското првенство за Македонија почнува на 15 јануари со дуел со репрезентацијата на Унгарија. Два дена подоцна, на 17 јануари ќе се сретнеме со вториот фаворит во групата, репрезентацијата на Холандија, а на 19 јануари ќе играме против тимот на Гвинеја со што ќе биде заокружена прелиминарната фаза од натпреварувањето.
Репрезентациите што ќе ги освојат првите три места во групата, остануваат во Вараждин и ќе играат во Главната рунда. Последнопласираниот тим во групата ќе се сели во Пореч каде што ќе игра натпревари од Президент Куп.

 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk