Марзо го водеше Катар до втора победа над Аргентина

Репрезентацијата на Катар која е потенцијален противник на Македонија на Светското првенство што по две недели ќе почне во Хрватска, одигра и втор контролен натпревар со националниот тим на Аргентина.
По победата на првиот натпревар од 30-25, Катар запиша победа и на вториот меч 30-27 (18-16). Двата натпревари се играа во Доха.
И на вториот меч тимот на Веселин Вујовиќ не беше комплетен. Меѓудругите, во составот не беа двете ѕвезди, Рафаел Капоте и Жарко Марковиќ, а поранешниот пикер на Барса, Јусуф Бен Али не се запиша на листата на стрелци.
Натурализираниот кубански играч Франкис Марзо беше незадржлив за Аргентинците и со 11 постигнати гола го водеше Катар до втората победа, а додека меѓу другите играчи само двајца постигнаа по три гола, другите стрелци беа со два или по еден гол.

Во тимот на Аргентина, пак, Мартинез постигна пет, Јунг и Лутаро по три гола, другите беа со два и со по еден постигнат погодок.

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk