Екипата на Куманово промовираше и втор бразилски ракометар за пролетниот дел од сезоната несметајќи го Винисиус кој заминува од клубот.
Фелипе Хен, ракометар од позицијата лев бек своето прво европско искуство ќе го има во Македонија, во екипата на Куманово, која на пролет ќе се бори за опстанок во најсилната конкуренција.
Репрезентативецот на ракометната селекција на Бразил до 21 година Џанкарло Фелипе Хен е нов ракометар на МРК Куманово.
Игра на позиција лев бек и е висок 191 сантиметар.
Во целокупната своја кариера има настапувано во шампионатот на Јужна Америка и за него е прв предизвик да игра во Европа.
За младинската репрезентација на Бразил настапи на СП за ракометари во оваа возрасна категорија кое се одржа во Германија.