Висла го „потврди“ Зоран Илиќ

Полскиот шампион Висла Плоцк денеска потврди уште еден трансфер за следната сезона. Десниот бек Зоран Илиќ, репрезентативец на Унгарија е нивниот нов ракометар, а доаѓа од екипата на Хамбург од Германија. На таа позиција во јули доаѓа и Мелвин Ричардсон, а вчера потпиша и Лука Степанчиќ.

Со оглед на тоа дека договорите на Ричардсон и Илиќ се тригодишни, извесно е дека во јуни Лука Степанчиќ ќе си замине од Плоцк.

Висла Плоцк им ги разубави Божиќните празници на своите фанови и со информацијата дека се продолжени договорите со Хрватите Ловро Михиќ и Леон Шушња.





 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk