Србија подобра на последната контрола на македонскиот тим

Македонската машка репрезентација ги заокружи подготовките во Србија со контролен натпревар одигран против Србија, репрезентација која исто како и македонската се подготвува во Стара Пазова. Иако Србија нема да игра на СП, тие во јануарскиот период ќе настапат на „Трофеј Карпати“ и ќе одиграат неколку контролни натпревари под водство на привремениот селектор Далибор Чутура, во исчекување неговото место да го заземе Раул Гонзалез.
Репрезентацијата на Србија го доби овој контролен меч со резултат 34-29 (17-17). 

Македонската репрезентација, пак, во пресрет на мундијалот одигра два меча од 3х30 минути против РК Нови Београд (85-44) и РК Динамо Панчево (51-46). Планирано е македонските репрезентативци да одиграат и натпревар со Хрватска откако ќе пристигнат во Вараждин, не исклучуваме можност да биде одигран и уште некој тренинг меч.

 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk