Бразилец си оди, Бразилец доаѓа во Куманово

Екипата на Куманово и во пролетниот дел од сезоната на позицијата десен бек ќе има бразилски ракометар. Успешниот самба „експеримент“ со Винисус продолжува со ангажман на Да Силва Фернандез кој има и европско искуство од играње во Португалија.

Кумановци го промовираа на социјалните мрежи новото засилување.

Официјално од денес нов ракометар на МРК Куманово е Бразилецот Гилерме Да Силва Фернандес кој игра на позиција десен бек.
Овој играч доаѓа од бразилското првенство од тимот на Сао Каетано, а претходно настапувал и во португалскиот шампионат за екипата на Артистик Аванка.
Висок е 196 сантиметри и тежок 100 килограми и ќе биде замена за Чиао Винисиус кој од полусезоната ќе настапува во дресот на ГРК Охрид.

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk