Висла купува и хрватски бек?

Лука Степанчиќ своевремено во пакет со Стипе Мандалиниќ беа бековскиот тандем што требаше да ги заменат Лацковиќ и Метличиќ во репрезентацијата. Не заврши сѐ како што беше замислено, иако споменатото дуо си остави свој печат во хрватскиот, а и европскиот ракомет.

Лука Степанчиќ имаше подобра кариера на хартија, иако не беше поштеден од повреди, а ракометниот воз го однесе од Загреб во ПСЖ и потоа Пик Сегед и моментално во екипата на Ал Араби од Кувајт.

Сега е на повидок нов трансфер, а тој би требало да го однесе во Полска, во екипата на Висла Плоцк каде што на неговата позиција следната сезона ќе дојде и првата ѕвезда во проектот – Мелвин Ричардсон.
Лука Степанчиќ би требало да игра во ЛШ во дресот на Висла во пролетните четири кола во кои полскиот шампион е во трка со Пелистер за место во нокаут фазата.

Photo: Wenflou

 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk