Ќе губат бод на секои десет дена!

Романија е една од ракометните земји што катадневно има во понудата понекоја пикантерија која се однесува до работата и функционирањето на нивните клубови во кои се слеваат сериозни пари обезбедени од општините. Денеска во центар на внимание е машката екипа на Констанца, некогашен шампион, поранешна македонска колонија...
Според пишувањата на романските медиуми, ракометарите на овој клуб веќе четири месеци немаат земено плата, но актуелниот врел проблем е што клубот го загубил спорот со Лорентин Тома, член на стручниот тим. И нему Констанца му должи извесна сума на пари, а сега стигна извршното решение.

Клубот Констанца ќе губи по еден освоен бод секои 10 дена сѐ додека не му го исплати долгот на споменатиот тренер.
Констанца е на петтото место и има освоено 31 бод, но два бода веќе им се одземени и сега имаат 29, а по новогодишните празници ќе им биде одземен уште еден, по 10 дена уште еден...




 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk