Србија е последниот тест за Македонија во 2024

Македонската репрезентација утре ќе го одигра последниот контролен натпревар во 2024 година и ќе ја заврши и оваа фаза од подготовките за настап на Светското првенство во Хрватска.

Последен противник годинава на македонските репрезентативци ќе им биде селекцијата на Србија.

Србија нема да игра на претстојното Светско првенство, беа елиминирани од Шпанија, а не успеаја ниту да издејствуваат „вајлд кард“ за настап.
Србија јануарскиот период ќе го искористи за составување и воигрување на екипа по инструкции на поранешниот македонски селектор Раул Гонзалез. Шпанецот ќе ја преземе Србија од 1 јули, а неговиот претходник Тони Херона веќе се подготвува за настап на СП како селектор на Јапонија.
Преодното селекторско решение се вика Далибор Чутура и тој веќе ја собра репрезентацијата на Србија во Стара Пазова, каде што се наоѓа и македонскиот тим. Србите имаат во јануарскиот план имаат зацртано контролни натпревари со Унгарија која противник на Македонија на СП и настап на Трофеј Карпати.
Не се во најсилен состав, но затоа имаат неколку играчи што се квалитетни и желни за докажување пред новиот селектор и нема да се штедат на оваа репрезентативна акција.

 
Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk