Бутел Скопје се раздели со двајца ракометари

РК Бутел Скопје денеска објави дека спогодбено е прекината соработката со двајца нивни ракометари. Централниот бек Петар Цветковски и пикерот Стефан Јовевски повеќе не се дел од скопскиот колектив кој им се заблагодари за досегашната соработка.
РК Бутел Скопје по 16 одиграни кола, во моментов кога првенството е во прекин поради настапот на репрезентацијата на Светското првенство, е на петтото место со 16 бодови колку што има и шестопласираниот тим на ГРК Тиквеш. Со два бода помалку, но сѐ уште со шанси да се избори за Плејоф, зад нив е тимот на Тинекс Пролет.

фото: РК Бутел Скопје

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk