Тимур Дибиров ја игра последната сезона

Ретки се спортистите што оставиле толку силен впечаток и толку длабока трага каква што остави руското крило Тимур Дибиров во Вардар и во македонскиот спорт воопшто. Во Скопје дојде во 2013 и остана девет години. Патем освои седум шампионски и седум Куп пехари со Вардар, три македонски Суперкуп пехари, четири победнички во СЕХА и секако најблескавите, двата победнички во Лигата на шампионите во 2017 и 2019.

Сите вардарови играчи тогаш беа ѕвезди, но и меѓу нив ретко кој успеа да воспостави таква хемија со публиката, во процесот доби и македонско државјанство, но единствената репрезентација за која има играно е неговата матична, Русија.

Тимур Диборов во 2019 замина за Загреб каде што игра на 41 годишна возраст и патем стана втор најдобар стрелец во историјата на Лигата на шампионите.
Во мега интервју за рускиот медиум „Спортс“, Тимур Дибиров открива многу детали за својот приватен и професионален живот, меѓу кои ја потврди и информацијата за плановите за неговата ракометна иднина.

Ова е неговата последна сезона во кариерата. На крајот на сезоната, прекинува со ракомет за да може да биде целото свое време со семејството.

„Лигата на шампионите и натаму е како дрога. Дури и на 41 година, дури и со 21 учество. Исто како и првиот пат. Сакам да се докажам, да ги слушнам трибините, да победам. Чувството е одлично и од спортски и од здравствен аспект.
Но, многу е тешко за мене без моето семејство“, вели меѓудругото Тимур Дибиров во интервјуто што можете да го прочитате со клик на линкот.






 
Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk