Шпанија без крилото на Барса на СП?

Photo: RFEBM

Уште едно познато ракометно име е неизвесно за настап на Светското првенство во јануари. Шпанскиот репрезентативец и член на Барса, Алеиш Гомез би можел да биде на списокот на играчи кои мундијалот ќе го гледаат во домашен амбиент.
Крилото на Барса има проблеми со левото раме и од извештајот на докторите на Барса ќе зависи дали ќе биде дел од „Хиспанос“ на претстојното СП.
Селекторот на Шпанија, Жорди Рибера, веќе ангажираше алтернативи на десната крилна позиција. Тоа се Феран Соле (ПСЖ) и Каулди Одриозола (Нант).

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk