Македонија запиша и втора победа

Машката репрезентација на Македонија вечерва во Србија го одигра вториот контролен натпревар во подготовките за настап на Светското првенство во јануари.
Кирил Лазаров нема многу време, а има многу работа. Добрата вест е што подготовките се среде сезона, кога по правило на работите, играчите би требало да се во добра физичка подготвеност. Ќе се израмни тоа ниво оваа недела, а шансата да играат што ја чекаат сите играчи во моментов се исполнува со играње на натпревари со три „полувремиња“ односно третини.
По дуелот со РК Нови Београд пред два дена, денеска избраниците на Лазаров 90 минути играа против посериозен противник, екипата на РК Динамо Панчево, екипа која на табелата во српското првенство е веднаш зад неприкосновените Партизан и Војводина.

Македонија вечерва победи со резултат 51-46 (35-30, 16-15). Играњето три третини по 30 минути комбинирано со силни тренинзи сигурно е понапорно за ракометарите, но тоа од друга страна му даде шанса на Лазаров да им даде поголема минутажа на играчите.

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk