ТОП ВЕСТИ: Познат полски клуб пред банкрот, Франција доби засилување...

Познатиот полски клуб Азоти Пулави, еден од ретките полски клубови во кои играле Македонци, е пред банкрот и почна да се разделува со најскапите ракометари (Каспер Адамски, Дејан Шешиќ) со цел да ја преживее некако сезоната до јуни.

Крилото на Барса, Аитор Арињо ќе се пресели во редовите на Фуксе Берлин во 2025 како замена за Јери Толбринг кој заминува во данскиот Рибе Есбјерг за да биде поблиску до сопругата Нора Морк.

Даниел Гордо, тренер кој си изгради имиџ водејќи ги Мешков Брест и Ал Ахли од Каиро, се договори со неговиот сегашен клуб, Адемар Леон за активирање на клаузулата со која договорот се продолжува и за наредната сезона. Даниел Гордо паралелно со Адемар, ја води и репрезентацијата на Турција.

Тренерите на словенечките ривали Целје (Пауло Переира) и на Горење (Зоран Јовичиќ) влегоа во жесток конфликт откако Португалецот побара тајм аут на 30 секунди до крајот на мечот кога неговиот тим водеше со три гола разлика. Ваквите тајм аути се сметаат за непочитување и непишано правило меѓу тренерите е да се избегнуваат.

Добра вест за селекторот на Франција е дека Кентан Мае се врати на терен порано од предвидувањата и би требало да биде на располагање за настап на Светското првенство. Кентан Мае се повреди на почетокот ноември и се предвидуваше дека меѓу два и три месеца ќе биде надвор од терен. Но, тој вчера играше на големото дерби меѓу Гумерзбах и Кил што се одржа во Ланксес Арена пред 19.000 гледачи.

Foto: Telekom Veszprem 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk