Динамо Панчево е втората контрола за Македонија

Македонската репрезентација по голеадата на натпреварот со РК Нови Београд (85-44) на натпревар што се играше 3х30 минути, денеска ќе го има вториот тест.
Противник на Македонија ќе биде екипата на Динамо Панчево, а Кирил Лазаров одново ќе има натпревар од 1.5 час на кој ќе може да ги тестира сите ракометари.
Дуелот со Динамо Панчево ќе се игра 3х30 минути, а потоа по ден пауза, на 29 декември Македонија ќе одигра уште еден контролен меч, последен во 2024 година.

Подготовките на македонската репрезентација ќе продолжат по новогодишните празници во Скопје, потоа заминуваат за Хрватска каде што ќе одиграат и еден контролен меч со домашната репрезентација и конечно ќе стигнат во својата база во Вараждин каде што на 15 јануари ќе го играат првиот натпревар на кој противник ќе ни биде Унгарија.
Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk