Цвијиќ се враќа во репрезентацијата?

Поранешната ракометарка на ЖРК Вардар, Драгана Цвијиќ по три и пол години пауза е блиску да се врати повторно во репрезентацијата на Србија.
Корпулентниот пикер, потврди дека причините за нејзиното неиграње за националниот тим бил селекторот Урош Брегар.

Сега откако тој е сменет по лошиот настап на ЕП (21 место), Драгана Цвијиќ изјави дека би прифатила повик да се врати во тимот и дека ќе се обиде да ја убеди и Андреа Лекиќ да го направи истото.

Што се однесува до Урош Брегар, Цвијиќ изјави дека е премногу мирен и ја нема потребната енергија за да го понесе тимот напред.
Репрезентацијата на Србија, во бараж натпреварот за пласман на СП ќе се сретне со репрезентацијата на Словенија.

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk