Ракометот најдобар во четири категории Македонија

Министерството за спорт и Сојузот на спортски федерации на Македонија, на свечена церемонија во Националната опера и балет ги прогласија најдобрите во македонскиот спорт за 2024 година.
Традиционалната манифестација „Спортист на годината“ оваа година одбележува 70-годишен јубилеј.
На годинeшното јубилејно 70-то издание на изборот „Спортист на годината 2024“ беа доделени и две специјални признанија за истакнати резултати и посебен придонес во промоцијата на македонскиот спорт.

Истакнатите македонски ракометни судии Ѓорѓи Начевски и Славе Николов добија плакета како достојни претставници на Македонија на меѓународна сцена, на Олимписки игри, европски и светски првенства и клупските ракометни натпреварувања од највисок ранг.

Ракометот е награден како најдобар во четири категории плус посебното признание за ракометните судии. 
Кирил Лазаров е најдобриот тренер, Ива Младеновска е најдобрата млада спортистка, а машката и женската репрезентација најуспешни национални тимови. 
Манифестацијата „Спортист на годината 2024“ ја организираа Министерството за спорт и Сојузот на спортски федерации на Македонија, а изборот на најдобрите за 2024 е направен според гласовите од националните спортски федерации и од спортските новинари.

Добитници по категории:
Спортист на годината: Бобан Илиоски (кикбокс)
Спортистка на годината: Милијана Рељиќ (таеквондо)
Најуспешен млад спортист: Силвио Мировски (кикбокс)
Најуспешна млада спортистка: Ива Младеновска (ракомет)
Најуспешен женски национален тим: Ракометна репрезентација на Македонија - сениорки
Најуспешен машки национален тим: Ракометна репрезентација на Македонија – сениори
Најуспешен тренер/селектор: Кирил Лазаров (ракомет)

Најуспешна национална спортска федерација: Македонска таеквондо федерација
Најуспешен спортист со инвалидитет: Оливера Наковска Бикова (стрелаштво)
Најуспешна спортска екипа од Универзитетите: Машкиот кошаркарски тим на Универзитетот „Св.Кирил и Mетодиј“ – Скопје
Најуспешен училишен спортски клуб од средните училишта: СОУ „Јане Сандански“ – Струмица
Најуспешен училишен спортски клуб од основните училишта: ООУ „Ѓорѓија Пулевски“ – Скопје



 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk