Кузмановски: Тешко беше да дојдеме до СП, мора да бидеме спремни за тоа што нѐ чека

Машката сениорска репрезентација на Македонија неделава се подготвува за настап на јануарскиот мундијал во Стара Пазова. По неколку комплетни тренизи, денеска ќе има можност и да провери како функционираат идеите и како екипата ќе изгледа на терен.

Првиот противник на нашиот сениорски тим на тренинг натпревар ќе биде екипата на РК Нови Београд со која вечерва од 19:30 часот ќе ги одмерува силите.

„Расположението и мотивацијата се на највисоко ниво. Пред нас е уште едно големо првенство. Знаеме колку беше тешко да дојдеме до него и колку сите напорно работиме за да бидиме дел од овој колектив. Од прв ден почнавме со анализа на нашите противници. Ќе се соочиме со квалитетни репрезентации, мораме да бидеме добро подготвени, и физички и тактички. Ќе имаме доволно време да се спремиме до стартот на првенството. Во следниот период ќе одиграме и контролни натпревари на кои ќе можеме да го испробаме тоа што го подготвуваме за нашата група“, вели еден од лидерите на македонскиот тим, Филип Кузмановски.

Македонија на СП ќе игра со фаворитите Унгарија и Холандија и аутсајдерот Гвинеја за трите места што водат во Главната рунда од првенството.

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk