На исток, нова приказна

Неучеството на клубовите и репрезентациите на европската ракометна сцена ги тргна од центарот на вниманието белоруските и руските екипи, иако тие имаат алтернативни решенија и играат со други противници, а паралелно со домашните првенства се игра и источната фракција на СЕХА лигата која во моментов не е признаена од ЕХФ.
Вреди да се нотира, дека во рускиот ракомет во времето на сакнции се појави нова сила – Зенит Санкт Петербург. Во оваа екипа играат и познати ракометари како поранешниот вардарец Димитри Кисељов, потоа Олег Астрашапкин, Артем Кулак, Михаил Виноградов, голманот Виктор Киреев...

По 15 одиграни кола Зенит е на делба на првото место со екипата на Чеховски медведи. Двата тима имаат 13-0-2 (26 бода) и се пред ЦСКА која има скор 11-0-4 (22 бода).













 
Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk