Ѕвездата на Флензбург скрши микрофон, не дозволи снимање на тајм аут

Дуелот меѓу Мелзунген и Флензбург во Бундес Куп натпреварувањето беше одбележан со потези на ракометарите на Флензбург што наидоа на чудење и големо негодување во пошироката јавност. Имено, при резултат 24-22 за Мелзунген, тренерот на Флензбург побара тајм аут, при што данскиот репрезентативец Мадс Менса Ларсен го откачи микрофонот на ТВ екипата и го фрли на клупата за резерви.
Ко-коментарот на мечот беше легендарниот Штефан Кречмар кој не можеше да се изначуди што се случи.
На 90 секунди до крајот – иста слика. Повторно тајм аут и повторно ракометарите на Флензбург не дозволија аудио. Овој пат само го истуркаа снимателот без по втор пат да го скршат микрофонот.
Јим Готфридсон, ѕвездата на Флензбург по мечот ова го правдаше со зборови дека „минатиот пат кога играле со Мелзунген, плановите кажани за време на тајм аут – стигнале до Парондо и неговите играчи“. Тоа е технички „малку“ тешко да се изведе, но очигледната фрустрација на ракометарите на Флензбург си го одработи своето.
Тајноста, како и да е, не им помогна многу. Со или без микрофони, Мелзунген победи 30-28 и го исфрли Флензбург од Германскиот Куп.

Photo: © Max Petershans / CC BY-SA 4.0 (via Wikimedia Commons)
Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk