ТОП ВЕСТИ: Потпишаа Пекелер и Дувањак, РНЛ има нов тренер...

Photo credit @ Rhein Neckar Loewen

Маик Махула, тренерот кој имаше неуспешна авантура во Алборг откако замина од германскиот Флензбург е пред враќање во Бундеслигата. Негов следен клуб ќе биде Рајн Некар Ловен кој се договори со својот тренер Себастијан Хинце за прекин на соработката на крајот на сезоната.
Махула денеска беше промовиран и доби тригодишен договор со Рајн Некар Ловен.

Хенрик Пекелер и Домагој Дувњак ги продолжија договорите со Кил до 2026, со тоа што договорот на Пекелер има клаузула за автоматско продолжување до 2027 година. Имајќи предвид дека Кил најави дека нема да отстапи од праксата да има три пикери, новиот договор на Пекелер, доаѓањето на Начиновиќ и актиелниот договор на Оверби значат дека од екипата заминува Патрик Винцек.

Одиграна е првата контролна средба во пресрет на Светското првенство што ќе се игра во јануари. Мразот го пробија репрезентациите на Италија и на Кувајт. Победија гостите од Кувајт 30-29 (18-11) на меч што се играше во Новиград. Нотираме дека Италија на овој натпревар не беше комплетна, а најголем минус беше отсуството на голманот Доменико Ебнер.

ЕХФ неодамна ги додели организациите на Европските првенства во 2030 и 2032 на Чешка, Полска и Данска, односно Германија и Франција. Противкандидат им беше Хрватска. Податокот што не беше објавен е дека Хрватска ја повлекла кандидатурата, затоа што трошоците се зголемиле и тие сами не можат да организираат.








 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk