Грчевски доби нов селекторски мандат

Ракометната федерација на Македонија денеска организираше состанок на Управниот одбор, еден од последните состаноци на ова тело во ваков состав.

Беа верификувани низа одлуки што беа донесени во текот на годината, а следуваат извештаите на селекторите. 

По дискусијата за женската репрезентација беше предложено да се продолжи мандатот на селекторот Кристијан Грчевски најмалку до крајот на квалификациите за Европското првенство што ќе се одржува во 2026 година.

Предлогот беше усвоен и Грчевски останува селектор на женската сениорска репрезентација.
Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk