Ракометната федерација на Македонија денеска организираше состанок на Управниот одбор, еден од последните состаноци на ова тело во ваков состав.
Беа верификувани низа одлуки што беа донесени во текот на годината и усвоени извештаите на селекторите за тоа што репрезентациите го работеа во текот на 2024.
УО го разгледа барањето на судиите и делегатите за зголемување на судиските и делегатските такси. РФМ одобри зголемување на таксите, но не во процентите што ги бараа судиите и делегатите. Во различни категории различно е зголемувањето на судиските и делегатски такси што би почнале да се применуваат од февруари.
Ѓорѓи Начевски и Славе Николов добија награда од по 1000 евра за репрезентирање на Македонија.
Главната точка на состанокот на денешниот Управен одбор беше закажувањето на терминиот на следното Годишно Собрание на РФМ.
Тој Собрание ќе биде изборно, а актуелното раководство предводено од Живко Мукаетов кое го водеше ракометот од 2013 година заминува. Претседателот на РФМ Живко Мукаетов на претходното Собрание објави дека нема да биде кандидат, а денеска потврди дека нема да биде кандидат.
Терминот за одржување на Редовното Изборно Собрание е 1 март.
Александар Стефанов од РК Бутел Скопје, член на Управниот одбор официјализираше дека ќе поднесе кандидатура за нов претседател на РМФ.