Митревски: Со нетрпение го чекаме мундијалот

Македонскиот национален тим од денеска повторно е на собир и (ќе) се подготвува за настап на мундијалот што во јануари ќе се одржи во Хрватска.
Голманот Никола Митревски ќе го предводи голманското трио на Светското првенство. Искусниот чувар на мрежата има одлична сезона, сето свое знаење и искуство, очекуваме да го преслика и на претстојното СП.

„Среќни сме за почетокот на подготовките за Светското првенство кое го очекуваме со нетрпение. Имаме доволно време за подготовка и за одигрување на пријателски натпревари. Треба максимално да се спремиме за напорите и предизвиците што нѐ очекуваат во Хрватска. Се надевам дека се ќе помине во најдобар ред во овој период и подготвени ќе го дочекаме стартот на Светското првенство“, изјави Никола Митревски.

Првиот натпревар на СП, Македонија ќе го игра н 15 јануари против фаворитот Унгарија.

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk