Колев изведе мајсторски кам-бек

Македонскиот тренер Марјан Колев успеа да изведе мајсторски кам бек на натпреварот против директниот ривал на табелата, екипата на Билер и од минус осум, дома да се врати со освоен бод.

Дербито на средината на табелата го играа Билер и Курнон Д’Аверњи и сѐ изгледаше дека е решено во 40 минута кога домашната екипа која цело време го контролираше резултатот, поведе со 31-23. Но, не беше готово. Аверњи покажа карактер, Колев ја промени зоната во одбраната и почна големиот кам бек. Аверњи во финишот израмни на 36-36, но домашниот тим успеа да постигне уште еден гол, што конечно доведе до поделба на бодовите (37-37).

Марјан Колев пред само неколку дена го информираше клубот дека нема да остане тренер по завршувањето на сезоната.

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk