Келце добива две големи засилувања

Египетскиот бек Хасан Кадах го одигра првиот натпревар за Келце по повеќе од една година пауза. Најдобриот стрелец на Кадетското СП во Македонија 2019 потпиша за полскиот клуб, но неговиот трансфер го одбележаа повреди и три операции на стапалото по што и кариерата му беше доведена во прашање.
Но, Келце и нивниот тренер Талант Душебаев имаа трпение и Кадах се врати на теренот на мечот со Заглебје на кој Келце славеше со 30 гола разлика (53-23).

Првиот погодок на Кадах беше одбележан со стоечки овации од трибините и соиграчите.

Во составот на Келце на овој меч беше и уште еден рековалесцент, Симон Сичко. Душебаев за двајцата повратници вели дека ќе бидат големи засилувања за месец-две кога комплетно ќе се врата во форма.

Ако не знаевте: Помладиот брат на Хасан Кадах сезонава требаше да игра во екипата на Бутел Скопје, но тој трансфер не се реализираше. 


Photo: KS Kielce
 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk