РИНК воведе брза лента за тренери

Ринк Конвенција е меѓународен договор потпишан од 43 земји во Европа со кој се уредува едукацијата на тренерите, се поставуваат заеднички стандарди и најважното меѓусебно се признаваат сертификатите.

Убава вест доаѓа од Виена за поранешните и актуелните ракометари кои ќе сакаат да преминат во тренерската фела. Ринк Конвенцијата ги надгради своите принципи со неколку нови точки и објави прирачник за 2024.
Во неколкуте нови поенти на овој меѓународен договор има и еден што секако ќе им се допадне на поранешните ракометари кои преминуваат во тренери.

За побрзо добивање на потребен сертификат за тренер, воведена е „брза лента“ за елитни играчи. Под елитни играчи се подразбираат играчи што играле за репрезентација на официјални натпревари или играње пет години во најсилната првенствена лига и имале најмалку 20 натпревари годишно.

Во тренерската едукација постојат четири нивоа (модули) при што четвртиот е ЕХФ Мастер Коуч ниво. Првото ниво има 75 часа обука и 1 година искуство, второто ниво 125 часа обука и 2 години искуство, третото ниво има 150 часа обука и три години искуство пред да се полага за Мастер за кој е потребно 175 часа обука.

Брзата лента ќе функционира на следниов начин. Ракометар што ги исполнува условите да биде елитен може да ги прескокне првите две нивоа на едукација. Тој ќе може да добие Модул 2 без да посетува курсеви за Модул 1 и Модул 2, но, ќе мора да исполни услов на специјална обука од 100 часа. Постои и друг услов, а тоа е да биде запишан за третото ниво.

Брзата линија следствено важи и за Модул 3 и Модул 4, при што има услови што треба да се исполнат, а за сите детали сепак, надлежно за толкување е Здружението на Ракометните тренери.

 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk