Македонскиот тим замина на подготовки во Србија

Машката сениорска репрезентација на Македонија утрово замина на подготовки во Стара Пазова во Србија, спортски центар кој е позната база и за македонските репрезентативци. Македонските сениори таму ќе ја минат следнава недела и ќе се работат на своите индивидуални и тимски перформанси пред да се вратат назад за празниците по што ќе ја почнат и финалната фаза од подготовките за настапот на Светското првенство во јануари.

Македонија на Светското првенство што ќе се организира во три држави (Хрватска, Данска и Норвешка) ќе се натпреварува во групата „Ф“ која ќе се игра во Вараждин, Хрватска. Во групата со Македонија се и репрезентациите на Унгарија, Холандија кои се фаворити во групата и Гвинеја која, пак, е аутсајдер. Со нив ќе играме во Прелиминарната рунда по тој редослед, на 15, 17 и 19 јануари.

Три репрезентации ќе напредуваат во Главната рунда, една ќе продолжи да се натпреварува во Президент Куп. Очекуваме Македонија да се пласира во Главната рунда што исто така ќе се игра во Вараждин, а таму на 21, 23 и 25 јануари ќе вкрсти со екипите од Групата „Е“. Во таа група што во Прелиминарната фаза ќе се игра во Пореч се репрезентациите на Франција, Австрија, Катар и Кувајт.







 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk