На ракометот му се „заканува“ место во Зимска Олимпијада

На ракометот му се заканува или „насмевнува“ преселба од Летни во Зимски Олимписки игри доколку на претстојните избори за претседател на Меѓунардониот Олимпики Комитет (ИОК) победи поранешниот атлетичар, а сега британскиот Лорд, Себастијан Коу. Ова не е прв пат ракометот да биде споменуван во овој контекст, но сега добива пореална основа за стравување дека може да се случи.

Во изјава за ББЦ, Коу напомена дека во неговата програма вклучува префрлање на спортови што се играат во сала од летна во зимска олимпијада. Ракометот е на списокот на спортови што треба да биде префрлен, доколку дојде до реализација на споменатото.

Во моментов, само четири спортови на Зимски ОИ се одржуваат во сала. Тоа се брзо лизгање, уметничко лизгање, карлинг и хокеј.

Коу напомена и дека сериозно ќе се разгледува опцијата за промена на терминот на одржување на Олимписките игри согласно климата и климатските промени.
Вкупно седум кандидати има за нов претседател на ИОК. Лорд Себастијан Коу котира високо, а веројатно прв противкандидат според звучност ќе биде Хуан Антонио Самаранч, син на поранешниот (истомен) претседател кој беше 21 година на чело на ИОК.













 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk