Магдебург нема да игра од безбедносни причини

Бундеслигашката екипа Магдебург од безбедносни причини и како чин на сочувство го окажа првенствениот дуел со екипата на Ајзенах што беше планиран да се одигра денеска, во рамките на редовното коло.
Ваквата одлука е донесена по синоќешниот напад во овој германски град во кој има и жртви.
Според германските медиуми, 50 годишен возач со потекло од Блискиот исток со автомобил се забил во масата луѓе на преполниот Божиќнен плоштад во Магдебург. Билансот засега е пет загинати и околу 200 повредени луѓе, дел од нив сериозно. Се верува дека нападот е намерно изведен, а полицијата проверува и извесна експлозивна направа најдена во возилото.



 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk