Нов договор за Жарко Пешевски

Македонскиот репрезентативец од стартната постава на националниот тим, Жарко Пешевски и актуелниот првак Е. Пелистер се договорија за продолжување на договорот што завршуваше во јуни 2025. Корпулентниот линиски напаѓач ќе остане најмалку уште една сезона плус во Битола. Новиот договор е со опција да биде продолжен за уште една сезона, па Пешевски би можел да остане и до 2027 година играч на Пелистер.

Жарко Пешевски (33) е ракометар кој потекнува од школата на Металург Јуниор каде што играше како младински играч, а потоа од 2013 до 2018 играше во првиот тим под воство на Лино Червар. Тој е еден од играчите што најдолго се задржа во клубот и во кризниот период, па замина дури во 2018 година и премина во украинскиот Мотор Запорожје. Таму остана една сезона, а потоа до 2022 играше за германскиот тим Штутгарт.

Во Македонија се врати во 2022 во Битола, а претстојот таму според сегашните околности може да му трае пет години, можеби и повеќе.

 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk