Селекторот на репрезентацијата на Австрија, Алеш Пајовиќ го соопшти списокот со 18 играчи кои финално ќе конкурираат за настап на Светскто првенство во јануари.
Во составот го нема нивниот најдобар играч, Никола Билик. Бекот на Кил е поврден и нема да може да помогне, а тоа е голем хендикеп за нив, иако и без него имаат квалитетен состав во кој се наоѓаат Живковиќ, Божовиќ, Вагнер, голманот Мостл...
Лукас Хутечек од Лемго имаше операција на дланката по евро-квалификациите, но се врати на тренинзи и би требало да биде и меѓу 16-те што ќе го почнат првенството.
Австрија е во групата која од Загреб ќе патува во Вараждин и таму ќе вкрсти со групата во која игра Македонија. Со нив се и Франција, Катар и Кувајт.
Photo: By Ailura