ТОП ВЕСТИ: Голем рез во Словенија, нов бран Германци...

Селекторот на Словенија, Урош Зорман го скрати списокот на патници за СП. Голем рез има во репрезентацијата, а надвор од составот останаа Јуре Доленец, Дејан Бомбач и Матеј Габер.

Бундеслигашот Флензбург како замена за пикерот Јоханес Гола кој оди во Мелзунген го планира Јустус Фишер, ракометар од новиот бран на германски репрезентативци.

РНЛ и Берлин подготвуваат понуди за Марко Гргиќ, новиот германски вонсериски талент. Тој има договор со Ајзенах до 2027, а клубот според договорот може да побара отштета до 200.000 евра.

Рајн Некар Левен се договори со тренерот Себастијан Хинце за прекин на соработката на крајот на сезоната. Причината за е разликата во концептот каде што клубот и тренерот не нашле заеднички јазик по многу консултации.

Tренер на романската екипа Влчеа Расмус Поулсен потпиша нов двегодишен договор и ќе го води клубот најмалку до 2026.

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk