Веспрем купува трет Египѓанец?

Foto: Al Ahly Handball

Веспрем е на добар пат да формира трио египетски ракометари во својот тим за следната сезона. По Јахија Елдера и потврдениот трансфер на Ахмед Хешам од Монпеље, на пат кон Унгарија наводно се пакува и пикерот Ахмед Адел.
Линискиот напаѓач е ракометар на Ал Ахли, а на Олимписките игри во Париз покажа завиден квалитет и беше конкурент и за ол стар составот, без разлика што неговата репрезентација не беше во потесниот круг на екипи кои се бореа за медал.

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk