СУПЕРЛИГА: Фаворитите немаа милост

РК АЛКАЛОИД - ГРК ТИКВЕШ 35-26 (21-9)
РК ВАРДАР 1961 – РК БУТЕЛ СКОПЈЕ 43-22 (20-13)
ГРК ОХРИД – РК СТРУГА 42-25 (20-14)

Три натпревари од последното суперлигашко коло во 2024 се завршени. Сите три со епитет дерби од кои едниот – езерско.
Дека беа дерби натпревари – не беа. Условно кажано фаворитите немаа милост и запишаа убедливи победи за крај на 2024.
Во Скопје се играше во Автокоманда и во Јане Сандански. Алкалоид уште во првото полувреме практично го имаше размонтирано тимот на ГРК Тиквеш и водеше со 21-9. Во вториот дел, кавадарчани се составија, пружија посилен отпор и натпреварот го загубија со едноцифрена разлика од девет гола.
Таква „среќа“ немаа ракометарите на Бутел Скопје кои тешко минаа на гостувањето кај Вардар. Екипата на Гиљермо Милано славеше со 19 гола разлика и значително ја подобри свопственат вкупна гол разлика на табелата.
Конечно и во Охрид гостуваше Струга која во минатото знаела да биде незгоден противник. Сега веќе не е така и армадата на Алушовски комплетно ја разби струшката флота со победа од 17 гола разлика.


 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk