Скубе ќе стане слободен играч

Еден од вардаровите играчи од златната генерација ќе остане слободен играч во јуни.
Сташ Скубе (35) нема да добие нов договор во Монпеље и заминува на крајот на сезоната според француските медиуми. Најавеното доаѓање на Агустин Касадо од Веспрем оди во прилог и на заминувањето на Скубе и на потврденото заминување на Ахмед Хешам во Веспрем.
Словенецот најдобро во својата кариера се вклопи во тимот на Вардар со кој во 2019 стана европски шампион. Тогаш беше непосакуван играч во ПИК Сегед и другите коцки ги склопи судбината.
По заминувањето од Вардар, потпиша за Мешков Брест, од каде пак замина во Келце, но место во Полска, заврши во Франција. Во тој период беа актуелни доста ротации, а сумата за која Келце се одрече од Словенецот наводно беше 200.000 евра.
Последната сезона е сезона за заборав за луцидниот словенечки плејмејкер затоа што беше одбележана со повреди и доста време мина надвор од теренот.

 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk