Марјан Колев заминува од Аверњи, нов предизвик од јуни

Марјан Колев е еден од најуспешните македонски тренери во моментов. Со години работи во Франција, вклопен е во системот на држава која е една од најдобрите ракометни во светот. Успешно водеше екипи и машки и женски екипи. А меѓудругото беше тренер и на познатиот женски тим Ница, од каде што премина во сегашниот клуб, Курнон Д’Аверњи. Тоа е клуб од Про лигата или втората француска лига во машка конкуренција, која исто како и нивната најсилна дивизија е професионална лига.
Неговиот клуб е од средината на табелата Марјан Колев има добри резултати со екипата, но нивната соработка ќе заврши во јуни.
Таква е желбата на македонскиот тренер кој го информираше клубот дека нема да биде продолжена соработката, а клубот денеска и ја официјализираше информацијата дека во јуни се разделуваат.
Марјан Колев има поголеми тренерски амбиции, подготвен е за нив и очекуваме наскоро да објави каде ќе ја продолжи кариерата.

Photo: Handball Club Cournon d'Auvergne

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk