Уште една земја смени селектор по ЕП 2024

Ракометната федерација на Турција, му се заблагодари на романскиот тренер Костика Бучесчи за досегашната соработка и му посака среќа во следниот клуб или репрезентација каде што ќе работи. 
Костика Бучесчи ја водеше Турција на за нив историското прво Европско првенство. Беа во групата со Македонија, освоија само еден бод и тоа на мечот со нашата екипа, но впечатокот комплетно го расипаа на последниот натпревар со Шведска на кој им „послужија“ на Швеѓанките за постигнување на рекордна победа од 28 гола разлика (19-47). Тоа значеше и последно место во групата, а воедно и крај за романскиот тренер. Турците го испратија Бучесчи достоинствено, не реагираа веднаш, напротив гледаа само на добрите страни на нивниот настап, но во позадина неговата улога во турската репрезентација беше одиграна. 
Турција е еден од петте домаќини на следното Европско првенство и нема веќе да се плашат за пласманот на ЕП, па новиот селектор ќе има доволно време да работи на создавање на покомпетитивен тим за 2026. 
Турција е втората земја што менува селектор, по Србија која се разделува со Словенецот Урош Брегар поради слабиот настап на ЕП. 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk