Мораеш си заминува, доаѓа Јоханес Гола

Јоханес Гола се промовираше во пивот број еден во Германија како што изминаа славните денови на Пекелер и Винцек и неговата цена порасна паралелно со заинтересираноста на разни клубови да го видат во своите редови.
Победникот во оваа трка е екипата на Мелзунген, тим што годинава има голема шанса да стане шампион на Германија, прв пат во клупската историја.
Мелзунген е екипата во која Јоханес Гола на 18 години го потпиша првиот професионален договор и остана таму три години пред да се пресели во Флензбург каде што игра во моментов.

Од екипата на Мелзунген ќе замине Бразилецот Рожерио Мораеш, ракометарот кој освои победнички пехар во ЛШ со екипата на Вардар. Тој следната сезона ќе биде играч на францускиот Монпеље каде што се ослободува место на линијата откако хрватскиот линиски напаѓач Верон Начиновиќ се договори за трансфер во Кил.

Foto: Seha-liga

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk