Нов лист: Романија ќе прави клуб - репрезентација

Женската ракометна лига во Романија е најскапата ракометна лига во женскиот ракомет со вкупен буџет што преминува 25 милиони евра по сезона и со најмалку шест клубови кои имаат повеќе од 2.5 милиони евра за трошење по сезона.
И покрај многуте пари што се влеваат во женските клубови таму, романската репрезентација, не е доволно компетитивна на сцената и е далеку од битката за медали. Во голема мерка тоа се должи на фактот што имаат премногу странци, а домашните репрезентативки, особено во отсуство на Неагу и Пинта немаат многу важни улоги.
Обидите да се ограничат странците со дополнителни давачки, воведување на задолжителна минутажа за домашните играчи и слично, не даваат го даваат ефектот поради кој беа воведени.

Следен потег е формирање на клуб репрезентација каде што ќе имаат најдобри услови за работа. Клубот репрезентација ќе биде Глорија Бистрица, клуб со буџет од 3 милиони евра, каде што тренер е актуелниот селектор Флорентин Пера.
Клубот одржа и прес конференција на која ги објави плановите. Тие им понудија на сите репрезентативки да дојдат во нивниот тим и како што кажаа на пресот, преговараат со 10-15 ракометарки.

Почнува нов олимписки циклус во кој големиот проект во романскиот ракомет што нема да биде насочен кон освојување на Лигата на шампионите или домашната титула како крајна цел, туку формирање на репрезентација што ќе игра на Олимписки игри е клубот Глорија Бистрица.И




 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk