Шпанија со нов, млад тим оди на СП

Селекторот на Шпанија, Жорди Рибера одбра 19 ракометари за настап на Светското првенство во Хрватска, Данска и Норвешка во јануари 2025.
Драстично е подмладен шпанскиот тим, во повиканите 19 има дури пет ракометари кои освојуваа злато како јуниори. Тоа се браќата Петар и Ѓорѓе Цикуша, Феран Кастиљо, Јан Баруфет и Виктор Ромеро.

Браќата Душебаеви ќе бидат лидерите на тимот, меѓу нив ќе игра Тарафета, крилата се Алеиш и Фернандез, на голот Варгас и Хернандез.
Заврши ерата и веќе ги нема во составот ѕвездите како Кањељас, Македа, Гурбиндо, Морос, Арињо, Коралес...




 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk